NEWS
Code Academy плаќа 500 евра на секој студент кој ќе го откаже факултетот за да научи да програмира
Robert Mishovski

Од денес па натака, Code Academy започнува со иницијативата "College Alternative", која овозможува до 500 евра кофинансирање на студенти кои ќе го напуштат или паузираат факултетот за да започнат 7 месечна онлајн обука за програмирање и вработување.

Обуката, која вклучува и работна пракса за реални клиенти е создадена во соработка со Codedesk, компанија која е специјализирана во услуги за вработување и потрага по таленти во ИТ секторот.

Корона кризата, во изминатите години, драстично ја зголеми потребата од дигитализација на милиони бизниси низ целиот свет, а паралелно со тоа, порасна и побарувачката на софтвер инженери. За жал, факултетите поради нивното повеќегодишно времетраење не се во можност да ги сервираат потребите на зголемената побарувачка на овој кадар.

Поради тоа, Code Academy, во изминатите месеци разви нова Eduployment обука, чија цел е да овозможи едукација наменета за директно вработување. Оваа едукација е дизајнирана во форма на работна обука каде што освен потребното знаење, вклучува исто и процедурални вештини кои се потребни за работа во големи тимови за компании.

Предавањата ќе се одржуваат онлајн, во живо, а ќе бидат примени оние студенти кои успешно ќе го поминат тестирањето кое вклучува логика, англиски јазик и основно познавање од веб технологии.

По завршувањето на обуката, студентите ќе ги презентираат нивните завршни проекти пред комисија составена од повеќе компании кои активно регрутираат јуниор таленти од Code Academy, конкурирајќи со разни понуди за плата и услови на работно место

Овој повик за кофинансирање важи за сите студентите од државните и приватните факултети кои имаат индекс и се во било која фаза од нивните студии.

Апликациите се во тек, и ќе траат до 15-ти Март. Програмата во прашање е Full-Stack JavaScript PRO и може да се аплицира тука

Започни ја твојата кариера денес.
Аплицирај →