NEWS
Како да се вработиш во Codedesk, без предходно работно искуство
Robert Mishovski

За сите оние кои не се упатени, Codedesk е напредна глобална веб платформа со многу иновативни карактеристики, основана во соработка со Американска партнер компанија каде што компании од целиот свет можат да објавуваат понуди за вработување во ИТ секторот.

Развојот на технологијата се одвива веќе неколку месеци и истата се очекува да биде официјално лансирана најкасно до Септември 2022 година.

За составот на тимот кој ќе ја развива оваа технологија во наредните месеци планирано е да се обучат до 50 студенти кои активно ќе бидат инволвирани во развојот на софтверот, во текот на академијата.

Оние кои ќе се докажат успешни во завршување на зададените задачи, ќе добијат опција за вработување во Codedesk, со полно работно време и работен договор во времетреање до 2 години.

Технологиите кои ќе се користат за градење на оваа платформа сe JavaScript и React, и истите детално ќе се изучуваат во 7 месечната обука.

За сите оние кои сакаат да научат да развиваат софтвер, стекнувајќи се во исто време со потребното работно искуство, ова е одлична прилика да аплицираат и да се приклучат во брзо раснечкиот тим на Codedesk.

Започни ја твојата кариера денес.
Аплицирај →