Кои се решавачките фактори кои детерминираат дали ќе успееш да се вработиш во сериозна компанија без предходно работно искуство?
После повеќе од 500 успешни вработувања на почетници програмери, ние во Code Academy решивме да ја споделиме со вас стратегијата која ние ја користиме за да го загарантираме успехот на нашите студенти.
Еве ги според нас, 5-те најзначани елементи за започнување на успешна кариера како програмер.
Пред се, важно е да знаеш каде аплицираш и на какви проекти таа компанија работи. Сите овие информации ќе ти користат на интервјуто и ќе остават позитивен впечаток кај регрутерот.
Резимето е првиот контакт помеѓу тебе и регрутерот и квалитетот на неговата изработка ќе биде клучен фактор за одлуката дали ќе бидеш повикан на интервју. Гледај на твоето резиме како на проект за кој си спремен да потрошиш до 10 работни саати, дири и неколку дена, се додека тоа не биде совршено.
Голема предност ќе биде ако имаш резиме вебсајт со твоето име и презиме каде што регрутерот ќе може да добие подобра визуелна рапрезентација на твоите познавања и вештини.
Резимето треба да покаже дека ја имаш стекнато потребната едукација за позицијата за која аплицираш. Тоа исто треба да содржи линкови од многу проекти и соработки зад себе и тоа исто треба да збори за твојот карактер, твоето гледиште кон ИТ индустријата и твојата мотивација за работење.
Сликата е исто многу важна! Таа треба да ги прикаже твоите карактеријани особини кои те идентификуваат. Никако не користи слика од апсолвентска или пак некоја каде што си облечен премногу формално.
Читајќи го детално описот на работното место, може да ти помогне да поставуваш паметни прашања на интервјуто, кои што ќе влијаат врз конечната одлука. На пример, доколку работодавецот има напишано дека бара познавање од View JS, можеш да прашаш, во кои контекст би се користела таа технологија и зашто е избрана таа наспроти некоја друга опција.
Биди самоуверен во твоите квалитети, до степен каде што си спремен да гаратираш дека ако работодавецот би ти дал шанса да се докажеш, тој би бил многу задоволен од тебе.
Најдобар начин да го поминеш интервјуто е ако си однапред спремен за можните прашања и предизвици кои би ги добил. Гугл и Јутуб нудат многу корисни симулации на интервјуа на кои можеш да се вежбаш.
Ако стварно веруваш во твоите вештини, биди сигурен дека имаш многу опции за работа. При интервјуто, внимавај да не делуваш очајно и биди спремен да преговараш за добри услови за работа. Не се согласувај на плата која нема да ги задоволи твоите основни потреби но во исто време биди свесен дека доколку добро се докажеш во одредено време истата може да биде покачена.