Јас сум Кристијан Прематаров имам 27 години, доаѓам од Неготино но моментално живеам во Скопје. Имам завршена магистратура на градежениот факултет во Скопје, конструктивна насока. Моментално сум вработен како Full-Stack програмер во Asseco SЕЕ.
Пред да станам програмер, работев како градежен инженер (проектант) и се занимавав со музика. Сакав промена во мојата кариера па се решив да започнам со изучување на програмски јазици.
Пред да се запишам на .NET Академијата почнав да го истражувам светот на програмирањето и неговите јазици. Во текот на моето истраживање два програмски јазици највеќе ми се истакнаа: Java и .NET. На крај се решив за .NET бидејќи ја видов ова технологија како најпросперитетна помеѓу останатите програмски јазици.
Започнав сам да изучувам, но не ми одеше баш најдобро па решив да разгледам повеќе академии, од сите академии најмногу ме привлече понудата на Code Academy.
Доколку и вие сакате да започнете нова кариера, моментално вршиме усписи за нашата нова Front-End Академија.
>Мојот ментор беше Јоргос Ламбринидис, тој ми даде многу насокои во однос на тоа како да решавам проблеми и како да размслувам како програмер. Тоа што највеќе ми се допадна кај него беше неговото карактеристично предавање. Тој низ многу бројни шеги успеа да ни пренесе голем дел од неговото знаење.
Најголем предизвик ми беше временската организација. Моментот кога започнав со Академијата, паралено одев на работа и на часови по германски јазик. Меѓутоа бев решен да започнам нова кариера и решив да жртвувам голем дел од моето слободно време. Толку многу жртвував што дури моите другари мислеа дека сум се иселил од државата, бидејќи немав никаде искочено цели 7 месеци.
За мојот финален проект решив да направам платформа за закажување спортски настани. Целата на платформата беше да секој корисник може да направи одреден спортски настан, додека пак други корисници на платформата можат да му се придружат. Со други зборови целта ми беше да се создаде социјална мрежа за спотски настани, и секој да може да најде тим за играње било каков спорт.