HOW TO
"Откако ја завршив .NET Академијата добив 3 понуди за работа во ист ден!” - Љупче Спасовски
Robert Mishovski

Здраво Љупче! На кратко, претстави ни се…

Јас сум Љупче Спасовски, од Скопје, имам 27 години и сум студент на УКИМ. Моментално работам како Full Stack Developer во швајцарската ИТ компанија Miracle Mill. Истовремено сум ко-сопственик на приватаното училиште СТАРС-ДТС 2014 за странски јазици и компјутерска обука заедно со мојот брат Дарко Спасовски.


Што правеше во животот пред да почнеш да програмираш?

Љубовта кон програмирањето започна уште од моите средношколски денови. Се запишав во средно електро-техничко училиште, насока компјутерска техника и автоматика. Уште тогаш знаев дека мојата професија ќе биде програмер и дека ќе продолжам на додипломски студии во тој правец.

Што највеќе те привлече за да се запишеш на Full Stack.NET Академијата?

Иако имав предзнаења од програмирање бидејќи имав многу предмети поврзани со програмирање, сепак сметав дека тоа не ми беше доволно за да започнам кариера како програмер. Се одлучив за доспецијализација, ја разгледав програмата на Code Academy и навистина ми се допадна и така започна моето изучувње на Full Stack .NET Aкадемијата.  

 


Како ти се допадна нашиот ментор? 

 

Јас сум еден од ретките студенти кои имаше можност да учи од двајца ментори: Тони Накевски и Јоргос Ламбринидис. На почетокот започнав со Тони, но поради здравствени проблеми имав мала пауза, па потоа продолжив со Јоргос. 

 

Јоргос има каратеристичен стил на предавање и му благодарам за несебичното споделување на целото негово искуство. Покрај односот студент - ментор, имавме и пријателски однос којшто трае и денес по завршувањето на академијата.




Со какви предизвици се соочи за време на учењето и како ги совлада? 

 

Во текот на академијата наидував на потешкотии, бидејќи делови од  програмата беа посложени. Но со огромна желба и фокусираност и со помош на менторите успеав да ги совладам сите предизвици кои ги носеше градивото на Full Stack .NET Aкадемијата.


Кажи ми нешто повеќе за твојот финален проект во рамки на Академијата?

За мојот финален проект решив да направам систем за менаџирање на училиште. Проектот е сеуште во изработка но по неговото комплетирање планирам да го искористам за изградаба на веб апликација за моето училиште. 

Како одлучи да се запишеш во Code Academy?

Дознав од другар кој беше многу задоволен од целиот едукативен процес на Code Academy. Сметав дека не ми е потребно дополнително истражување за останатите академии. Знаев дека Code Academy е вистински избор за мене.

 


Кој ти беше омилен дел од целото искуство на Академијата? 

 

Во главно, целата академија ми се допадна, но најинтересен дел ми беше back-end програмирањето односно C# програмскиот јазик. Во овој дел се пронајдов највеќе бидејќи секој час претставуваше нов предизвик.



Каде работиш моментално? 

 

Моментално работам како Full Stack Developer во Miracle Mill на препорака на талент менаџерот на Code Academy - Драгана Бојковска на кој сум ѝ многу благодарен. Интересно е што додека го поминував процесот на селекција паралелно имав неколку интервјуа во други компании. По поминатите технички интервјуа неочекувано добив повик од 3 компании во ист датум. Иако изборот беше компанија којашто работи во не толку познати технологии за мене, сепак понудата и условите за надоградба натежнаа во однос на другите компании. Во работното време паралелно работам на проект и следам обуки за AWS Cloud платформата.



За крај, каков совет би им кажал на сите луѓе кои не се сигурни дали програмирањето е професија за нив… 

 

Сите оние кои се двоумат за да започнат со програмирање, без разлика дали имаат или немаат претходно познавање ги охрабрувам да започнат со изучување, бидејќи доволно е само да се има желба и да се биде посветен за да се научи програмирање.

За мојот финален проект решив да направам платформа за закажување спортски настани. Целата на платформата беше да секој корисник може да направи одреден спортски настан, додека пак други корисници на платформата можат да му се придружат. Со други зборови целта ми беше да се создаде социјална мрежа за спотски настани, и секој да може да најде тим за играње било каков спорт.

Започни ја твојата кариера денес.
Аплицирај →