HOW TO
Зошто програмерите се толку платени
Robert Mishovski

Програмирање, една од најбараните и најплатените професии во светот. Многу луѓе мислат дека програмерите само седат пред компјутер како роботи и куцаат код. Ако изгледа толку едноставно, тогаш што ја прави оваа професија да биде толку барана, платена и почитувана?  

Имај ја и ти една од најбараните и најплатените професии. Стани програмер со нашата Full-Stack Java Академија, аплицирај тука 

Јас една година од мојот живот ја поминав како студент на ФИНКИ. Беше epic fail, но нема да навлегуваме сега во тоа. Во таа една година ја имав можноста да видам дел од тоа што се состои во работата на еден програмер, логиката и мисловниот процес позади редовите код.

Сега во Code Academy сум уште поблиску до програмерскиот свет. Го гледам посветеното време и жртвите кои ги прават студентите за да стигнат до степен да бидат прави програмери. Заклучок, не е едноставно. Еве зошто. 

Тешко е 

Тежината на програмирањето не е само во тоа да знаеш математика и логика. Како програмер со работа од најмалку 7-8 часа дневно, постојано треба да размислуваш. Секогаш има нешто што може да се подобри, да се поправи некој bug или error, да се направи update, да се смисли и додаде нешто ново. 

Програмерите треба постојано да го надоградуваат своето знаење. Развојот на технологијата се одвива со неверојатна брзина и ако не ги учат и користат новиte технологии, може да бидат заменети од некој кој ги знае. 

Софтвери се користат во речиси секоја индустрија во светот. Програмерите работат во различни индустрии и мора да се едуцираат за индустријата во која работат за одреден проект. Од медицински и банкарски системи до фитнес апликации, адаптирање на потребите и барањата на клиентите без разлика во која сфера работат е клучно. 

Исто така, луѓето не размислуваат на тоа дека програмирањето е скапа професија. Не мислам на технологијата, речиси секој има дома компјутер или лап топ (иако и добра технологија не е ефтина), туку на едукацијата. Дали ќе биде тоа 4-годишен факултет или пак Академија, треба да се посвети многу време, многу труд и многу пари. 

Побарувачката е голема

Побарувачката за добри програмери на пазарот е толку голема што нема доволно програмери во светот за да ја задоволат.  Во време кога сè повеќе аспекти од животот се автоматизираат и користењето на технологијата е сè поголемо, потребата од програмери продолжува да расте и нејзиниот застој не е видлив во иднината. За ова исто така, допринесува сè поголемиот број на компании кои вработуваат remote програмери или целосно работат remotely. 

Технологијата која ја користиме секојдневно како телефони, банкомати, мапи и слично се само мал дел од тоа што сè се произведува од софтвер. Вештачка интелигенција, machine learning, deep learning, neural networks, истражување на вселената итн. се оние сфери кои имаат потреба од голем број на програмери со големо знаење и искуство. 

Исто така, тука се работи на проекти кои траат и по 20-30 години, па постојано се потребни нови, млади програмери со свежи перспективи и погледи на одредени проблематики, кои се запознаени со најновата техонологијата во нивното време. 

Програмерите се тие кои ѝ носат пари на компанијата 

Во ИТ компании, програмерите се оние вработени кои имаат најголема вредност. Ако продуктот на една компанија е софтвери, нормално дека програмерите ќе бидат најплатени затоа што оние го извршуваат најголемиот дел од работата.

Замисли компании како Google или Amazon да не вложуваат во нивните програмери? Овие компании можеби не би ни постоеле ако не вложеле толку многу во нивните програмери. Нивните производи и услуги не би имале ни приближно голема вредност колку што имаат денес. 

Не секој може да ги поднесе притисокот и одговорноста кои доаѓаат со оваа професија. Програмерите се луѓе кои креираат призводи кои имаат огромно влијание врз нашите животи. Разгледај околу тебе. Апликацијата што ти ги мери чекорите, browser-от кој ти е отворен за да ја читаш статијава, сè ова е возможно поради програмери. 

Започни ја твојата кариера денес.
Аплицирај →